Фенербахче се засилија со центар од НБА лигата

Фенербахче се засилија со центар од НБА лигата

пред 3 години

Кошаркарскиот клуб Фенербахче ја официјализираше соработката со центарот Кајл О’Квин. Центарот од Тринидад и Тобаго има осумгодишно искуство во НБА лигата.

Во кариерата О’Квин бил играч на Филалдлефија, Њујорк, Индијана и Орландо. Во НБА лигата има просек од 5,4 поени и 4,6 скока по натпревар.

О’Квин, минатата сезона ја заврши во дресот на Филалдлефија, а откако не успеа да најде клуб за новата сезона реши кариерата да ја продолжи во Европа.

Фенербахче во само две недели донесоа двајца играчи од НБА лигата, пред О’Квин, во Истанбул се врати Марко Гудуриќ кој доби отказ во Мемфис.

Share
Scroll to Top