Фенер го претстави Шаманиќ, Ефес го потпиша Нвора

Фенер го претстави Шаманиќ, Ефес го потпиша Нвора

пред 2 месеци

Нигерискиот кошаркар Џордан Нвора потпиша едногодишен договор со Ефес со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона, објави турскиот клуб.

Нвора (25) вториот дел од минатата сезона го одигра за Торонто Репторс, а претходно беше член Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс.

Минатата сезона одигра 34 натпревари во НБА лигата, со просек од 7,9 поени и 3,4 блокади и 1,3 асистенции по натпревар.

Нвора е четвртото засилување на Ефес во летниот преоден рок по Стенли Џонсон, Винсент Поарје и Роландс Шмитс.

Неколу часа претходно, Фенербахче го претстави Лука Шаманиќ кој во Истанбул дојде од Јута Џез.

Минатата сезона Шаманиќ во 43 натпревари имаше просек од 4,1 поен и 2,4 скока. За време на престојот во НБА играше и за Сан Антонио Спарс.

Хрватскиот кошаркар ја напушти Европа во летото 2019 година, кога беше драфтуван како 19-ти пик.

Фенербахче пред оваа сезона веќе потпиша соработка со Вејд Болдвин, Бонзи Колсон и Николо Мели и го продолжи договорот со Најџел Хејс-Дејвис.

Share
Scroll to Top