Фенер со голема победа во Израел

Фенер со голема победа во Израел

пред 4 години

Фенербахче успеа да слави на гости со 75:65 кај Макаби Тел Авив за конечно да се врати на победите во Евролигата по три порази во низа.

Макаби имаше одличен старт на мечот, поведувајќи со 13:4, но Фенер успеа да стигне на само 3 поени негатива на полувреме, пред тимот на Игор Кокошков да се стабилизира и да стигне до убедлива победа. Али Диксон беше најдобар со 17 поени, Нандо де Коло додаде 13 за Фенер, додека Вилбекин беше најдобар кај Макаби со 23 поени.

Лузерската серија (овојпат од два меча) ја прекинаа и Реал Мадрид, по 100:82 победа над Баерн Минхен, кои пак „паднаа“ првпат по три победи во низа. Џејси Керол имаше 19 поени за Реал, Треј Томпкинс додаде 16 поени и 6 скока, додека за германскиот тим најдобар беше Вејд Болдвин со 18 поени и 4 асистенции.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

ЦСКА Москва – Валенсија 84:75 (17:16, 27:19, 18:23, 22:17)

Асвел Лион – Жалгирис Каунас 74:83 (23:13, 27:28, 10:16, 14:26)

Макаби Тел Авив – Фенербахче 65:75 (22:18, 16:17, 16:21, 11:19)

Реал Мадрид – Баерн Минхен 100:88 (27:17, 22:28, 21:16, 30:21)

Зенит Санкт Петерсбург – Панатинаикос, одложено

Share
Scroll to Top