Фердинанд „камен пијан“ играл за Вест Хем против Арсенал

Фердинанд „камен пијан“ играл за Вест Хем против Арсенал

пред 3 години

Поранешниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд, открил дека на почетоците на кариерата, додека бил во Вест Хем, еден натпревар одиграл „камен пијан“.

Фердинанд, во 1996 година, не бил планиран да настапи против Арсенал на „Хајбери“, поради што решил да се опушти. Плановите му ги расипале тренерите кои го повикале во тимот, во последен момент.

„Не требаше да играм, воопшто не без во опрема за натпревар. Поради тоа застанав на шанкот и испив три коњаци и Кока Кола“, раскажал Фердинанд.

„Тогаш пред мене се појави човек од тимот и ми кажа: ‘Мораш да се облечеш’. Јас стојам со чаша коњак во раката и си мислам: ‘Не е можно дека ова се случува, зарем сега морам да играм?’. Кога стигнав до клупата се молев да не влегувам во игра, а тогаш….влегов на теренот“.

Рио Фердинанд до 2000 година играше во Вест Хем, кога се пресели во Лидс јунајтед, а неколку години подоцна стана играч на Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top