Ферстапен ги обвини Пирели за инцидентот во Баку

Ферстапен ги обвини Пирели за инцидентот во Баку

пред 3 години

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, го обвини производителот на гуми, Пирели, за инцидентот кој се случи во финишот на трката во Баку, на трката за Големата награда на Азербејџан.

Ферстапен, имаше сигурно водство, кога на пет круга до крајот на трката, пукна задната десна гума на неговиот болид и тој заврши во заштитната ограда.

Трката потоа беше прекината, а по повторениот старт, прв целата ја мина неговиот тимски колега Серхио Перез.

„Не чувствував никакви проблеми се до моментот кога болидот тргна надесно. Гумата само експлодираше. Кога тоа ќе се случи при голема брзина, тогаш е опасно. Секако дека ќе разговараме со Пирели. Но, веќе знаеме што ќе кажат, а тоа ќе биде тешко да се прифати како објаснување. Ќе кажат дека патеката не била чиста. Во секој случај тоа нема да го смени конечниот резултат. Лут сум поради ова што се случи. Требаше да биде лесна победа. Разочаран сум. Да се уште сме лидери во првенството, но разликата можеше да биде уште поголема“, рекол Ферстапен.

Холанѓанецот води во генералниот пласман со 105 поени, четири повеќе од Луис Хамилтон.

Наредната трка ќе се вози на 20.јуни во Франција.

Share
Scroll to Top