Ферстапен „камен пијан“, не може да ја погоди вратата од станот

Ферстапен „камен пијан“, не може да ја погоди вратата од станот

пред 4 години

Интересна Видео-снимка се појави на социјалните мрежи, а на неа во главна улога е еден од најдобрите Ф1 возачи, пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен (23).

По прославата на раденденот, Ферстапен е снимен како во алкохолизирана состојба се обидува да ја отклучи вратата од својот стан во Монако.

Големо изненадување го чекаше кога виде дека во станот се неговите пријатели кои сакале да го изненадат и да му го честитаат роденденот.

Ферстапен досега имаше голем број триумфи и собори дузина рекорди. Минатава сезона во Ф1 ја заврши како третопласиран, а ќе остане запаметен како најмладиот дебитант во „летечкиот циркус“, со само 17 години и 5 месеци.

Холанѓанецот е рекордер и како најмлад победник во историјата на Ф1 трките, триумфираше со само 18 години и 7 месеци.

Share
Scroll to Top