Фетел дисквалификуван, но не поради ЛГБТ маичката

Фетел дисквалификуван, но не поради ЛГБТ маичката

пред 3 години

Возачот на Астон Мартин, четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел е дисквалификуван од второто место на Унгарското ГП, но не поради контроверзите кои ги предизвика со носењето на маичка во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата во Унгарија, туку поради тоа што стјуардите не успеаја да земат задолжителен примерок од горивото на неговиот болид по трката.

Според правилата на ФИА, возачите мораат да осигураат стјуардите да можат да земат 1 литар примерок од горивото во секој дел од трката, но Фетел, кој не успеа да го донесе болидот до боксот по крајот на трката, во болидот имал само 0.3 литри гориво. Ова значи дека Луис Хамилтон го наследува неговото второ место, а Карлос Саинс во Ферари се искачува на подиумот на третото место. Хамилтон сега има 18 поени повеќе од Ферстапен во генерален пласман.

„Разочарувачки е да се загубат 18 поени, но тоа не ја одзема фантастичната трка на Себастијан. Денеска покажавме дека сме силни. Само напред“, објавија од Астон Мартин.

Претходно, Фетел за медиумите изјави дека е повикан кај стјуардите поради носењето на маичката во боите на виножитото, но тоа не е споменато во објавата на Ф1.

Фетел за маичката со боите на виножитото: Нека ме дисквалификуваат!

Share
Scroll to Top