Фетел е класа човек – со убава посвета за Леклер

Фетел е класа човек – со убава посвета за Леклер

пред 4 години

Себастијан Фетел имаше прекрасни зборови за Шарл Леклер откако двајцата ја завршија нивната последна трка заедно за Ферари.

Иако многумина сметаа дека Фетел гледа на Леклер како на проблематичен човек откако го „наруши“  претходниот баланс во тимот, а лани имаа доста битки на патеката, јасно е дека двајцата не ја загубија меѓусебната почит. Леклер го покажа тоа со носење на посебна кацига со порака „Данке, Себ“ на трката во Абу Даби, која потоа ја смени со Фетел.

Фетел му ја предаде неговата кацига со порака за младиот возач.

„За Шарл, ти си најталентираниот возач на кој наидов во 15 години во Формула 1. Не го троши талентот! Биди сигурен да си насмеан и среќен. Благодарам за се“, напиша Фетел.

При разговорите со новинарите, тој имаше нови пофалби за Леклер.

„Научив многу од овој тим, кој ми даде многу. Благодарен сум тоа, нешто што е над победите и титулите, кои на крај не ги освоивме. Тоа не менува ништо им посакувам среќа. Шарл е млада, свежа надеж за тимот и се надевам дека ќе го добие болидот кој го заслужува“, додаде Фетел.

Share
Scroll to Top