Фетел: Уште не се чувствувам „дома“ во Астон Мартин

Фетел: Уште не се чувствувам „дома“ во Астон Мартин

пред 4 години

По катастрофалната прва трка од сезоната во Бахреин, четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел признава дека не се чувствува „дома“ во Астон Мартин и бара тимот да направи големи промени пред втората трка од сезоната за две недели.

Германецот дојде во Астон Мартин по шест сезони со Ферари, но минатата недела стартуваше од последните места и имаше судир со Естебан Окон кои му донесоа казнени поени. Тој заврши на 15. место на крајот.

„Тоа не беше викенд кој го посакувавме, но има многу работи кои ги научивме на таа трка и кои мораме да ги решиме што е можно побргу. Уште не се чувствувам како дома во болидот. Некои работи се борат против мене и не можам да се фокусирам на тркањето“, вели Фетел.

Оваа трка доаѓа откако лани Фетел ја имаше најлошата сезона во кариерата со само 33 поени со слабиот болид на Ферари.

„Мислам дека уште сум на 50 отсто и дека можеме да бидеме многу работи, но прво треба да се адаптирам на болидот“, додава Германецот.

Share
Scroll to Top