ФИА сакаат да го „скротат“ Хамилтон – нови правила за границата на патеката

ФИА сакаат да го „скротат“ Хамилтон – нови правила за границата на патеката

пред 3 години

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) пред втората трка од Ф1 шампионатот, Емилија-Ромања ГП во Имола објави „објаснувања“ за придржување на границите на патеката по контроверзите во Бахреин, каде што Луис Хамилтон и Мерцедес повеќе пати излегуваа надвор од патеката за да добијат предност.

Хамилтон излегуваше надвор од патеката барем 29 пати, пред стјуардите во Бахреин да дадат наредба за придржување на границите на патеката по половина трка. Контроверзите не завршија тука, откако Макс Ферстапен во Ред бул го помина Хамилтон на истата кривина, пред да му биде наредено да ја вратат позицијата.

ФИА затоа објави детални правила за границите на патеката, со кои ако возач излезе надвор од границите три пати, ќе добие црно и бело знаме (неофицијален жолт картон во Ф1), а потоа за секој нареден прекршок стјуардите ќе одлучуваат за казната. Кривините кои ќе се надгледуваат во Имола се 9-тата, 13-тата и 15-тата, иако нема обврска на последната кривина, каде што минатата година речиси сите возачи излегуваа целосно надвор од патеката.

Share
Scroll to Top