ФИА ја одби жалбата на Мерцедес, Хорнер удри по Волф: Некои мораат јас не морам да му го љубам задникот

ФИА ја одби жалбата на Мерцедес, Хорнер удри по Волф: Некои мораат јас не морам да му го љубам задникот

пред 3 години

Финишот на сезоната во Ф1 ја разгорува војната на релација Ред Бул-Мерцедес. Ситуацијата може да ескалира откако ФИА ја одби жалбата на Мерцедес за инцидентот што го предизвика Макс Ферстепен во Бразил.

Според ФИА, Мерцедес не приложиле доволно докази, дека одбранбената реакција на Ферстепн, во моментот кога Хамилтон ја нападна неговата позиција, била премногу агресивна. Двајцата по тој потег на Ферстепн за момент завршија надвор од патеката.

Целиот овој случај, но и односот помеѓу Ред Бул и Мерцедес го коментирал шефот на австрискиот тим Кристијан Хорнер.

„Ние немаме никаков однос. Само се натпреваруваме. Тоа е тоа. Односот и почитувањето се две различни работи“, рекол Хорнер и потоа проговорил и за колегата од Мерцедес, Тото Волф.

„Ги почитувам успесите на Мерцедес, го почитувам се она што го има постигнато во кариерата Хамилтон. Сепак тоа не значи дека треба да одам на вечера со Тото Волф. И да му го љубам задникот. Некои други можеби мора да го прават тоа“.

Првенството продолжува со трката за Големата награда на Катар, во недела од 15 часот.

Share
Scroll to Top