Фиго: Реал е нестабилен, Мурињо може да им помогне. Сакам Атлетико да ја освои ЛШ

Фиго: Реал е нестабилен, Мурињо може да им помогне. Сакам Атлетико да ја освои ЛШ

пред 2 часа

Португалската фудбалска икона Луис Фиго се осврна на моменталната ситуација во Реал Мадрид и коментираше за можното враќање на Жозе Мурињо. Иако остави длабока трага на „Бернабеу“, Фиго, зборувајќи како амбасадор на „Лауреус“, дека го поддржува градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Поранешниот португалски репрезентативец предупреди дека „алармите се вклучуваат во Реал Мадрид кога не освоите трофеј две години“, истакнувајќи дека „бучавата е секогаш погласна кај шпанскиот гигант“.

Тој се осврна и на турбулентната сезона на Реал.

„Секој знае каква година имаше Реал Мадрид. Кога ќе го смените тренерот, тимот станува нестабилен и секогаш има жртвени јарци“, забележа тој.

Изненадувачки, кога станува збор за Лигата на шампионите, Фиго застана на страната на градскиот ривал на Реал.

„Од преостанатите тимови, би сакал Атлетико Мадрид да ја освои титулата – особено поради нивните болни порази во финалињата и поради пријателството со Мигел Анхел Хил и Енрике Серезо“, изјави тој.

По испаѓањето на Баерн од европските натпреварувања, Фиго коментираше и за можноста Михаел Олисе, да се пресели во Реал Мадрид. Со оглед на растечките шпекулации за иднината на клупата на Реал, тој се осврна и на написите што го поврзуваат неговиот сонародник Жозе Мурињо со сензационално враќање.

„Олисе беше вистинско откритие за навивачите. Тој игра во еден од елитните европски клубови и нема да биде лесно да се доведе. Тој беше клучно засилување за Баерн, одлично си ја врши работата“, истакна Фиго.

Конечно, тој коментираше за Мурињо: „Тој ми е пријател. Го познавам во многу улоги: како преведувач на Боби Робсон, асистент на Ван Гал и главен тренер на Интер. Неговиот квалитет, филозофија и искуство значат дека тој секогаш ќе биде засилување за секој клуб“.

foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top