ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

пред 17 часа

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за наградата „Најдобар (The Best)“, која ја доделува на најдобриот играч во светот.

ФИФА воведе една голема промена кога станува збор за гласањето.

Досега во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски репрезентации, но и новинари, а сега можност да гласаат за еден од 11-те кандидати ќе имаат и навивачите.

Најмногу играчи на спискот има Реал Мадрид, дури шестмина: Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Во конкуренција се и Родри и Ерлинг Халанд од Манчестер сити, односно Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламин Јамал (Барселона). Изненадување е што на листата се наоѓа и Лионел Меси кој минатата година осми пат во кариерата ја доби оваа награда.

Ќе биде интересно да се види одлуката на ФИФА, со оглед на скандалозната реакција на Реал Мадрид, кога клупската делегација го бојкотираше доделувањето на Златната топка, кога дознаа дека лауреат ќе биде Родри, а не Винисиус Жуниор.

Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла. Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).

Исто така, ќе бидат наградени и најдобрата фудбалерка, најдобар женски тренер во светот, односно ќе бидат доделени награди за најдобар голман, дефанзивец, фудбалер(ка) од редот за врска и напаѓач во двете конкуренции.

Заедно со наградата „Пушкаш“ за најдобар голт во машка конкуренција, во женска конкуренција за првпат во историјата ќе биде доделена наградата „Марта“.

Гласањето на навивачите на веб-страницата на ФИФА ќе трае до 10. декември, а доделувањето на наградите ќе се одржи на почетокот на следната година.

Share
Scroll to Top