Флик: Барселона ќе биде мојот последен клуб

Флик: Барселона ќе биде мојот последен клуб

пред 3 часа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека не планира да ја продолжи тренерската кариера по завршувањето на ангажманот со каталонскиот клуб, алудирајќи дека Барселона би можела да биде неговиот последен тим во кариерата.

Флик го изјави ова пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Њукасл, кој е закажан за среда.

Неодамна повторно избраниот претседател на клубот, Џоан Лапорта, објави дека планира да го продолжи договорот на германскиот стручњак до 2028 година. Флик, сепак, истакна дека сега не е време да се зборува за продолжување на соработката, иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година.

„Сите знаат дека сум среќен овде, но морам да разговарам и со моето семејство. Ќе има време за тоа. Обожавам да работам тука, имам одлично семејство и голема поддршка во Барселона. Во фудбалот, секогаш се стремам кон највисоко ниво. Не размислувам да заминам. Барселона ќе биде мојот последен клуб“, рече 61-годишниот тренер.

Ханси Флик ја предводи Барселона од 2024 година.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top