Топспорт во Прага, Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија, на стадионот на Спарта, го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Украина, утре од 15 часот ќе и биде домаќин на Македонија, на стадионот на чешкиот великан. Избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат да се реваншираат за поразот во Скопје.
Пред неколку месеци Македонија ја „газеше“ Украина 60 минути, имаше предност од 2:0, на крајот Украинците славеа со 2:3.