Ракометарките на Франција, во полуфиналето на Светското првенство, ја предадоа круната, но успеаја даго освојат бронзаниот медал.
Франција, во малото финале, по продолженијата ја победи Холандија, во Ротердам, со 33:31. Натпреварот во регуларните 60 минути заврши 26:26.
Французинките ја освоија својата прва бронза на светските првенства. Тие освоија злато во 2003, 2017 и 2023 година, а сребро во 1999, 2009, 2011 и 2021 година.
Најефикасни беа Сара Букти со девет гола, од 10 обиди и Луси Грание со четири гола, на голот блескаше Сако со 13 интервенции.
Натпреварот за третото место во Ротердам беше драматичен, особено финишот од регуларниот дел, кој заврши нерешено.
Холанѓанките имаа +3 во второто полувреме, но на крајот, на четири секунди до крајот, успеаја да изборат продолженија од 2×5 минути.
Во дополнителните 10 минут Франција беше подобра, во првото продолжение стекна два гола предност, а мечот го реши на половина од второто продолжение кога разликата беше три гола.
За златниот медал на Светското првенство ќе се борат Германија и Норвешка.
Foto/ EPA






