Франција и Англија се фаворити против Полска и Сенегал

Франција и Англија се фаворити против Полска и Сенегал

пред 2 години

Откако Холандија и Аргентина вчера беа успешни во своите осминафинални натпревари и закажаа меѓусебен натпревар во четвртфиналната фаза, распоредот на натпреварите во Катар денеска носи две нови осминафинални средби.

Најпрвин на теренот ќе излезат актуелните шампиони, репрезентативците на Франција, а во вечерната програма ќе настапи најефикасната репрезентација досега на турнирот, Англија.

Франција со почеток во 16:00 часот го игра осминафиналето против Полска. За натпреварот во Доха на стадионото Ал Тумама, Франција се избори како најдобра во Д-групата. Триколорите славеа против Австралија (4:1) и Данска (2:1), а доживеаја пораз од Тунис (0:1).

Полска, не прикажа многу во групата Ц, каде го освои второто место. Полјаците ремизираа со Мексико (0:0), ја победија Саудиска Арабија (2:0) и загубија од победникот во групата, Аргентина (0:2).

Англија досега постигна девет гола на турнирот, што е напаѓачки учинок каков што има само Шпанија. Дури шест гола постигна Англија на првиот тест во Катар, во победата против Иран (6:2). Потоа играа со САД (0:0), а потоа го совладаа Велс (3:0) и ја освоија групата Б.

Тие ќе се обидат, во четвртфиналето да ја совладаат второпласираната селекција од групата А, Сенегал.

Сенегалците турнирот го отворија со пораз од Холандија (0:2), а потоа ги совлада Катар (3:1) и Еквадор (2:1). Натпреварот Сенегал-Англија во Ал Хор на стадионот Ал Бајт започнува во 20 часот.

Share
Scroll to Top