Франција и Португалија без „муниција“ на „Стад де Франс“, Роналдо и Мбапе се „дружеа“

Франција и Португалија без „муниција“ на „Стад де Франс“, Роналдо и Мбапе се „дружеа“

пред 3 години

Долгоочекуваниот дуел меѓу актуелниот светски шампион Франција и актуелниот европски шампион Португалија разочара, откако во меч од Лигата на нации на УЕФА, на „Стад де Франс“ одиграа 0:0.

Во меч полн со ѕвезди во двете репрезентации, немаше многу шанси, и двата тима се задоволија да останат непоразени по три кола во Лигата на нации за да ги заддржат првите две места во групата 3.

Без победник беше и во групата 1, каде што во Гдањск, Полска и Италија одиграа без голови, а единствени кои стигнаа до победа во Лига А, беа Данците, кои лесно со 3:0 го совладаа Исланд и го пратија поблиску до Лига Б во следниот циклус.

Во Лига Б, нов лош натпревар имаше репрезентацијата на Србија, која загуби дома со 0:1 од Унгарија, додека Русија и Турција одиграа 1:1.

 ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Полска – Италија 0:0

Табела: 1.Италија 5, 2.Холандија 4, 3.Полска 4, 4.БиХ 2

ЛИГА А, ГРУПА 2

Исланд – Данска 0:3

Табела: 1.Англија 7, 2.Белгија 6, 2.Данска 4, 4.Исланд 0

ЛИГА А, ГРУПА 3

Франција – Португалија 0:0

Табела: 1.Франција 7, 2.Португалија 7, 3.Хрватска 3, 4.Шведска 0

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Северна Ирска – Австрија 0:1

Табела: 1.Австрија 6, 2.Норвешка 6, 3.Романија 4, 4.С.Ирска 1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Израел – Чешка 1:2

Шкотска – Словачка 1:0

Табела: 1.Шкотска 7, 2.Чешка 6, 3.Израел 2, 3.Словачка 1

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Русија – Турција 1:1

Србија – Унгарија 0:1

Табела: 1.Русија 7, 2.Унгарија 6, 3.Турција 2, 3.Србија 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Грција – Молдавија 2:0

Косово – Словенија 0:1

Табела: 1.Грција 7, 2.Словенија 7, 3.Косово 1, 4.Молдавија 1

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

ПОЛСКА – ИТАЛИЈА

ИСЛАНД – ДАНСКА

РУСИЈА – ТУРЦИЈА

С.ИРСКА – АВСТРИЈА

Share
Scroll to Top