Франција нема удар во рамки на гол – Сеферовиќ без промашување, 1 од 1

Франција нема удар во рамки на гол – Сеферовиќ без промашување, 1 од 1

пред 3 години

1-0 води селекцијата на Швајцарија по првите 45 минути на осминафиналниот дуел против Франција во Букурешт.

Швајцарците одлично ги покриваат скапите ѕвезди на Дидие Дешам, а голот на Сеферовиќ во 15 минута е единствениот во рамки на голот на Лорис.

Изненадувачки е фактот дека за 45 минути Мбапе и Бензема не упатија ниту еден удар во рамки на голот на Сомер.
Останува фаворитот да промени нешто во вториот дел и да ги изненади избраниците на Владимир Петковиќ.

54 наспротив 46 е процентот на посед на топката во корист на „петлите“.

Share
Scroll to Top