Фудбалерите излегоа „на бис“ пред хотелот, а фановите им се поклонија (ФОТО)

Фудбалерите излегоа „на бис“ пред хотелот, а фановите им се поклонија (ФОТО)

пред 3 години

Топспорт во Палермо,

Никола Ѓуровски

Македонија е светска сензација. Го елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден чекор до мундијалот во Катар. Фудбалерите се спортистите кои во последниот период ја радуваат нацијата, а вечерва ја фрлија во транс цела Македонија.

Приоритет да се дружат со нив имаат фановите кои дојдоа овде во Палермо да и дадат поддршка на репрезентацијата на дуелот со Италија. Тие дојдоа доцна вечерва во хотелот да ги поздрават хероите и да им се поклонат за големиот успех.

Share
Scroll to Top