Фудбалерите на ДР Конго испратија порака до светот – „пиштол“ на слепоочницата

Фудбалерите на ДР Конго испратија порака до светот – „пиштол“ на слепоочницата

пред 10 месеци

Фудбалерите на Демократска Република Конго се елиминирани од Африканскиот куп на нации (КАН) со пораз од Брегот на Слоновата коска со 1:0.

Освен по играта и одличниот резултат што го постигнаа на турнирот, ќе останат запаметени и по гестот што го направија непосредно пред почетокот на полуфиналето.

За време на интонирањето на националната химна, сите фудбалери и стручниот штаб ја ставија десната рака на уста, а со левата симулираа пиштоли вперени во слепоочниците.

Многумина пред ТВ екраните беа збунети од овој чин, а по натпреварот мистеријата беше решена.

На овој начин Конгоанците сакаа да го свртат вниманието на конфликтот меѓу армијата и бунтовниците, членови на паравоената формација М23, во источниот дел на нивната земја, каде што се раселени десетици илјади луѓе.

„Фудбалскиот тим е симбол на националната гордост и сакавме да го свртиме вниманието на злосторствата што се случуваат на истокот на ДР Конго. Се надеваме дека тоа ќе престане“, изјави селекторот Себастиен Дезабре.

Фудбалерите на ДР Конго во текот на натпреварот носеа црни ленти.

Share
Scroll to Top