Српските фудбалски репрезентативци, Душан Влаховиќ и Никола Миленковиќ и се придружија на селекцијата без да добијат дозвола од матичниот клуб – калчолигашот Фиорентина. Клубот од Фиренца за ова го известил Фудбалскиот сојуз на Италија и надлежните здравствени институции.
Освен овие двајца фудбалери, без одобрување од клубот заминале и Уругваецот, Мартин Касерес, репрезентативецот на Аргентина, Лукас Мартинез Кварта, но и Мароканецот Софијан Амрабат и Чилеанецот, Ерик Пулгар. Тие им се приклучиле на своите селекции пред репрезентативните обврски.
Минатиот викенд, играчот на „виолетовите“ Хозе Каљехон беше позитивен на коронаврусот, па целата екипа на Фиорентина заврши во карантин.
За истиот прекршок што го сторија шетмината фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо плати казна од 1.400 евра кога ја прекрши изолацијата и од Лисабон допатува во Торино.