Фудбалска недела за сеќавање на Малта!

Фудбалска недела за сеќавање на Малта!

пред 3 години

Младинската фудбалска репрезентација на Малта постигна сензационален резултат, победувајќи ја Северна Ирска со 4:1 во квалификациите за ЕП, неколку дена откако сениорскиот тим со 3:0 го победи Кипар во квалификациите за СП, за историска недела за фудбалот на островската земја.

Во првиот меч под водство на новиот селектор Гилберт Агиус, Џејк Енгерер ги донесе Малтежаните во водство во 24. минута, за 12 минути подоцна Матија Весељи да зголеми на 2:0, а во 40. минута од пенал Весељи зголеми на 3:0. Патрик Лејн ги врати Ирците на два гола разлика, пред Ајтон Атард во 84. минута да ги постави конечните 4:1.

Share
Scroll to Top