Фјури го нокаутира Вајт и ја одбрани титулата

Фјури го нокаутира Вајт и ја одбрани титулата

пред 2 години

Една од најголемите боксерски ѕвезди во моментот, Тајсон Фјури, ја одбрани титулата во тешка категорија во верзијата „WBC“ откако во шестата рунда го нокаутираше Дилијан Вајт. Пред повеќе од 94.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон, двајцата боксери приредија спектакл, а на крајот Фјури го задржа шампионскиот ремен.

Фјури боксуваше мудро, знаеше дека нема потреба од комплетна агресија, туку само со епизодни директни удари ја одржуваше дистанцата и контролата. Вајт се обиде да форсира директна борба, но на крајот налета на неверојатен аперкат кој го испрати предизвикувачот во нокдаун.

Судијата Марк Лајзен одлучи дека Дилијан Вајт не може да го продолжи мечот и прогласи победа на Тајсон Фјури.

Share
Scroll to Top