Фјури за Мекгрегор: Поразен е затоа што многу време поминува на кревет

Фјури за Мекгрегор: Поразен е затоа што многу време поминува на кревет

пред 4 години

Боксерскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата – Британецот Тајсон Фјури го коментираше враќањето на ММА ѕвездата Конор Мекгрегор во професионалниот октагон, а како главна причина за неговиот неуспех против Дастин Поирие ја истакна неговата неактивност.

„Конор е поразен затоа што не се бори доволно често. Тој тоа го наведе како причина за својот пораз и мислам дека е во право. Тој имаше мечеви во 2016 година, па тогаш направи пауза се до борбата со Хабиб Нурмагомедов во 2018 година. Па пак година ипол пауза до борбата со Доналд Серон, па потоа дополнителна една година пред мечот со Поирие. Неактивноста го уби, нема сомнеж. Кога борецот е активен, се бори, спарингува, има подготовки, а ако многу седи на креветот – тоа не чини. Го губите тајмингот, чувството на дистанца, се се губи. Тогаш треба враќање, но по потешкиот пат. Ако еден борец има 3 борби по ред, а другиот е надвор од рингот 3 години, првиот ќе е десетпати подобар“ – изјави Фјури.

Share
Scroll to Top