Хабиб го предава појасот: Титулата ќе отиде кај Мекгрегор или Поаире

Хабиб го предава појасот: Титулата ќе отиде кај Мекгрегор или Поаире

пред 4 години

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов очигледно останува на одлуката да остане во пензија, откако при гостувањето на руската спортска програма „ТВ мач“ потврди дека неговиот појас ќе треба да замине кај подобриот од дуелот помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поаире на почетокот на 2021.

Нурмагомедов објави дека се повлекува од спортот по победата над Џастин Гетџи на 24 октомври, иако стигна до 29-0 скор, велејќи дека ветил на неговата мајка дека веќе нема да влезе во октагонот. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт неколку пати се обидуваше да го убеди да се врати во акција, но сега тој даде последен знак дека работата е завршена.

„Во лесната категорија секогаш имало конкуренција. Сите големи настани во 2020 беа во лесната категорија – прво камбекот на Конор, потоа Гетџи-Фергусон, па камбекот на Поаире, на крајот мојот меч со Гетџи. Во моментов најдобри се Поаире, Мекгрегор и Махачев. Мојот појас ќе отиде кај подобриот од дуелот меѓу Дастин и Конор. Не сум разговарал со Дејна Вајт за појасот бидејќи тие сакаат да продолжам. Имам приказна, многу фанови и ми нудат многу работи. За неколку недели ќе се сретнам со Дејна и ќе разговараме, но нема шанси за моето враќање“, вели Нурмагомедов.

Share
Scroll to Top