Хабиб има супер брзина или видеото е забрзано?

Хабиб има супер брзина или видеото е забрзано?

пред 3 години

УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов ги покажа своите квалитети како фудбалер на селебрити меч во Дубаи заедно со Кларенс Сидорф и славниот турски готвач Бурак Оздемир.

Хабиб е на гости во Обединетите Арапски Емирати, каде што има огромен број на фанови, и се подготвува за УФЦ дебито на неговиот братучед Умар овој месец на „Островот на борбите“. Тој доби посебна торта во форма на УФЦ појас од готвачот Оздемир, по што се играше малку фудбал заедно со Сидорф (кој беше во тимот на Хабиб), но и УФЦ фајтерот Ислам Махачев.

Едно видео кое им падна во очи на фановите е брзиот спринт на Дагестанецот покрај Оздемир, иако многумина сметаат дека се работи за убрзано видео.

Share
Scroll to Top