Хабиб: Не сакав да го осакатам Гетџи пред неговите родители

Хабиб: Не сакав да го осакатам Гетџи пред неговите родители

пред 3 години

УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов вели дека во својот последен УФЦ меч не сакал да искористи „виткање“ на раката над американскиот противник, Џастин Гетџи, бидејќи во арената биле родителите на противникот.

32-годишниот Нурмагомедов се повлече од УФЦ по победата над Гетџи на УФЦ 254, остварена со таканаречено „триаголно давење“.

„Има двајца противници против кои не одев до крај – Џастин Гетџи и Мајкл Џонсон. Кога му ја заробив раката на Џонсон и тргнав со кимура, можев да му ја скршам раката и затоа бев посебно внимателен и искрено побарав да се предаде. За Џастин… Прво тргнав по неговата рака, а потоа по триаголникот. Сфатив дека нема да сака да се предаде, а не сакав да го осакатам. Неговите родители беа тука, неговата мајка и татко во првиот ред. Снимките може не покажуваат, но кога влегов во кафезот, можев да ги видам како гледаат во мене“, вели Нурмагомедов.

Share
Scroll to Top