„Хаварија“ сред Белград – Италијанците ги совладаа Србите за пласман на Олимпијадата

„Хаварија“ сред Белград – Италијанците ги совладаа Србите за пласман на Олимпијадата

пред 3 години

Италијанската кошаркарска репрезентација, покрај Германија, Словенија и Грција, обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио преку квалификациите, откако сред Белград со 102:95 ја совлада Србија во пораз кој сигурно ќе предизвика многу дискусии кај нашиот северен сосед.

Тимот на Ромео Закети започна одлично, и по првата четвртина имаше шест поени предност (28:22), за на полувреме да отидат со 12 поени предност (57:45), по што следуваше вистинскиот „потоп“ на тимот на Игор Кокошков во третата четвртина, и немаше враќање назад, иако српските репрезентативци се понадеваа на камбек на стартот на последната четвртина.

Поразот и отсуството од Олимпијадата ќе предизвика бура од реакции во Србија, посебно по откажувањето на настапот на НБА мега-ѕвездата Никола Јокиќ, кој по напорната сезона реши да не ризикува ништо во квалификациите. Италија пак, која претходно едвај го совлада Порторико, ја немаше победено Србија од разделбата на Србија и Црна Гора во 2006 година.

Share
Scroll to Top