Хазенхитл: Навивачи, сликајте ја табелата

Хазенхитл: Навивачи, сликајте ја табелата

пред 3 години

Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хазенхитл, со широка насмевка на лицето, излегол пред новинарите по победата на неговиот тим над Њукасл (2:0), со која „светците“ се искачија на лидерската позиција во Премиер лигата.

„Повторно одигравме добро, покажавме дека напредуваме со секој поглед“, рекол Хазенхитл. Саутемптон се први на табелата со 16 бодови, колку што има и Ливерпул со натпревар помалку.

„Навивачите сигурно ќе ја фотографираат табелата. Тоа е убаво, но не треба да нија убие гладта за нешто многу повеќе. Мораме да останеме гладни да мислиме дека со овој тим се е можно“, рекол 53-годишниот германски тренер.

Саутемптон во наредното коло, на 21.ноември, ќе гостува кај Вулверхемптон.

Share
Scroll to Top