Халанд ги смируваше фановите на Дортмунд по лутата реакција

Халанд ги смируваше фановите на Дортмунд по лутата реакција

пред 3 години

Ерлинг Халанд им прати порака на смирување на навивачите на Борусија Дортмунд, откако и неговите два гола не беа доволни за победа при 2:2 ремито со Келн, по што луто си замина од теренот.

По крајот на мечот, Халанд беше олигледно лут, давајќи му го дресот на дефанзивецот на Келн, Јерг Мере, пред директно да замине во соблекувалната. Ова доаѓа во моменти кога има многу шпекулации околу неговата иднина и со многу проблеми на тимот на Дортмунд.

„Не беше добар резултат. Но, ќе го искористиме ова како мотивација да станеме посилни. Благодарност до сите навивачи на Борусија Дортмунд за постојаната поддршка. Ќе се вратиме наскоро“, напиша Халанд на Инстаграм.

Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер сити се заинтересирани за 20-годишниот Норвежанец. Дортмунд е на четири поени зад Ајнтрахт Франкфурт кои се на четвртото место, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top