Борусија Дортмунд славеше во дербито во германската Бундеслига нагости против Лајпциг со 3-1.
Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд со 2 гола ги предводеше „милионерите“ до нов триумф, но имаше несебична помош од Џејдон Санчо и Марко Ројс.
По мирните први 45 минути, дури четирипати се тресеа мрежите во второто полувреме.
Санчо на асистенција на Ројс во 55 минута донесе гостинско водство од 1-0.
На 2-0 зголеми норвешкиот ас откако му асистираше токму Санчо.
Борусија поведе и со 3-0, во 84 минута, повторно стрелец Халанд, а нова асистенција оди зад името на Марко Ројс.
Лајпциг успеа само малку да го ублажи поразот. Сорлот во 90 минута погоди за конечни 1-3 за гостинот од Дортмунд.
По 15 кола, Лајпциг останува втор на табелата, а „милионерите“ сега се четврти со -5 поени зад лидерот Баерн Минхен.