Хамес добива 12 милиони евра годишно, а не знае со кого игра Евертон

Хамес добива 12 милиони евра годишно, а не знае со кого игра Евертон

пред 3 години

Навивачите на Евертон се јавија со бесни реакции на социјалните мрежи и побараа клубот да го продаде Хамес Родригез, откако во интервју тој призна дека не знае со кого играат Евертон овој викенд.

Колумбиецот, кој дојде на „Гудисон парк“ лани само бидејќи тогаш менаџер беше Карло Анчелоти (кој се врати во Реал Мадрид), не крие дека сака да замине од Премиер лигата со Атлетико Мадрид како фаворит за неговиот потпис.

Тој не играше против Саутемптон поради корона вирусот, и останува во изолација пред саботното гостување во Лидс. При разговор на Твич, 30-годишниот ветеран призна дека не знае со кого играат неговите соиграчи.

„Ќе почнам со тренинзи од понеделник. Овој викенд не играм, дури е знам со кого играат Евертон, ќе ми кажете ли? Мислам дека е на гости. Ах, против Лидс, против Марсело Биелса, тежок натпревар, се надевам дека можат до победа“, изјави Родригез.

Share
Scroll to Top