Хамес страда од повреда на тестисите

Хамес страда од повреда на тестисите

пред 4 години

Новата ѕведа на Евертон, Хамес Родригез страда од повреда на тестисите добиена од дуел со Вирџил ван Дајк на Мерсисајд дербито, објавува „Марка Коломбија“.

Колумбиецот одигра 90 минути против Ливерпул на 17 октомври при 2:2 ремито, добивајќи повреда од дуел со Ван Дајк, за кого тој меч заврши со посериозна повреда на коленото.

Според весникот тој користи третман со терапија со притисок бидејќи не може да се користи мраз. Технологијата работи со масажа на нозете со воздушен притисок за зголемување на циркулацијата и намалување на модринките. Самиот Родригез на социјалните мрежи објави фотографија со машината минатиот викенд.

И покрај повредата, тој одигра цел меч против Саутемптон минатиот викенд, кога „карамелите“ загубија со 2:0.

View this post on Instagram

????

A post shared by James Rodríguez (@jamesrodriguez10) on

Share
Scroll to Top