Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон изјави дека движењето „Black Lives Matter” влијаело на неговото возење минатата сезона. Тој сезонава ја освои седмата титула во Ф1 и со тоа се изедначи со Михаел Шумахер.
На властите во Велика Бројатнија им порача да посветат повеќе врема за младите кога е во прашање историјата, посебно за историјата на луѓето со црна боја на кожата.
„Кога ќе пораснете во Британија воглавно се учи за историјата на белите луѓе. Не смееме ова движење да запре, мора да го одржуваме. Сакам моите млади роднини да учат историја од двете страни, би било убаво да знаат нешто повеќе за потеклото на своите родители и за нивните претходници како луѓе со црна боја на кожата“ рече Хамилтон.
Тој е свесен дека работите нема да одат така лесно и едноставно.
„Историјата не може да се соопшти без конфронтација на две страни. Едната е ропството, а втората е насилството на империјата“ рече возачот на Мерцедес.
Неодамна тој доби награда – спортска личност на годината во Британија.