Хамилтон задоволен од казната што ја доби Ферстапен

Хамилтон задоволен од казната што ја доби Ферстапен

пред 3 години

Луис Хамилтон е задоволен од казната која ја доби Макс Ферстапен за инцидентот што го предизвика на трката за Големата награда на Италија. Во 26.круг, Ферстапен со својот болид заврши над главата на Хамилтон. Ореолот, кој од пред неколку сезони го имаат сите болиди, спречи инцидентот да заврши со посериозни последици.

ФИА, откако го нотираше инцидентот, пресуди дека Ферстапен е виновен. Холанѓанецот, во Сочи ќе стартува три месата наназад, од позицијата која ќе ја освои во квалификациите.

„Горд сум на судиите. Мислам дека ова е важно за безбедноста на возачите и дека треба да се вози според утврдените правила“, рекол Хамилтон.

Актуелниот шампион смета дека возачите кои не се казнети за инцидентите што ги предизвикале, продолжуваат неодговорно да се однесуваа.

„Додека не научиме како да се однесуваме на патеката, вакви инциденти ќе се повторуваат. Јас немам историја на вакви инциденти. Кога еднаш ќе се извлечеш, продолжуваш да го правиш истото. Сите возиме на работ. Кога сме во права линија, секој возач се обидува да ја задржи својата позиција. Кога си тркало до тркало со кривина, а едниот болид и понатаму е пред другиот од надворешна страна, мораш да оставиш простор. Постои правило дека кривината му припаѓа на возачот кој е напред, другиот мора да се повлече…“, заклучил Британецот.

Share
Scroll to Top