Хамилтон и Ботас пред Ферстапен во борбата за пол-позицијата во Унгарија

Хамилтон и Ботас пред Ферстапен во борбата за пол-позицијата во Унгарија

пред 3 години

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија. На патеката Хунгароринг, Хамилтон ја освои 101. пол-позиција во кариерата. Британецот ја прекина доминацијата на Ред Бул, пол-позицијата во Унгарија е прва за него уште од трката за Големата награда на Шпанија.

Хамилтон, доминираше во најголемиот дел од квалификациите, а до пол-позицијата дојде на помалку контроверзен начин, што само ќе ги продлабочи лошите односи помеѓу Ред Бил и Мерцедес.

Во последиот круг Мерцедес и Хамилтон максимално им ја отежнаа работата на Ред Бул да постават најдобро време. Во последното излегување на патеката, Хамилтон возеше бавно, Ферстапен го следеше, и двајцата во последните секунди влегоа во своите летечки кругови, но Холанѓанецот немаше шанси да му се доближи а ривалот.

Хамилтон пол-позицијата ја освои со време 1:15, 419 минути. На стартот веднаш до него ќе биде клупскиот колега Валтери Ботас.

Траката од вториот ред ќе ја започнат возачите на Ред Бул, Ферсрапен и Серхио Перез.

Место меѓу најдобрите десет на стартот изборија Пјер Гасли, Ландо Норис, Шарл Леклер, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.

Share
Scroll to Top