Хамилтон најбрз во Портимао, дали Ред бул ја загуби предноста?

Хамилтон најбрз во Портимао, дали Ред бул ја загуби предноста?

пред 3 години

Луис Хамилтон беше најбрз на вториот тренинг пред Португалското ГП во Портимао, оставајќи го повторно Макс Ферстапен во Ред бул на второто место, додека неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, по најбрзото време во утринската сесија беше на третото место, најавувајќи дека шампионите, барем на оваа патека ја неутрализирале брзинската предност на ривалите од Ред бул.

На ветувачкото четврто место беше Карлос Саинс Јуниор во Ферари, а уште поимпресивни беа Алпине, со Фернандо Алонсо на петтото место и Естебан Окон како шести. Шарл Леклер во второто Ферари беше седми пред Даниел Рикардо (Мекларен), Ленс Строл (Астон Мартин) и Серхио Перез во вториот Ред бул.

Мерцедес беа убедливо најбрзи во Портимао минатата година, и на прв поглед, многуте кривини и промени на височината повеќе одговараат на „сребрената стрела“. Сепак, сите прогнози велат дека дури и со моќниот мотор на Хонда, Ред бул нема да може да очекува на брзинска разлика на утрешните квалификации.

Share
Scroll to Top