Хамилтон: Не се плашам од Ферстапен, па јас ги победив Ферари!

Хамилтон: Не се плашам од Ферстапен, па јас ги победив Ферари!

пред 3 години

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон вели дека во својата кариера совладал многу ривали, вклучувајќи го и Ферари, така што не гледа со страв во ривалството со Макс Ферстапен во Ред бул.

Во првите три трки од сезоната, Британецот има директна битка со Ферстапен, остварувајќи две победи и едно второ место, а вчера во Барселона ја оствари својата 100. пол-позиција пред денешната трка. Тој вели дека предизвикот на Холанѓанецот не го плаши, бидејќи го победил Себастијан Фетел во 2017 и 2018, кога се сметаше дека Ферари имаше најдобар болид.

„Се соочуваме со победнички тим, кој е на врвно ниво и има болид за титули, можеби дури побрз од нашиот. Макс е брз и многу конкурентен, а се гледа дека и е гладен по победи и титули. Но, на крајот, не е важно против кого се борам, против колегата или против друг возач. Се тркам долго време и веќе има многу ривали. Се сеќавате на Ферари? Имавме спор старт на тестирањето и тогаш се виде разликата со Ред бул, но верувам дека мојот тим ќе ги направи потребните подобрувања“, вели Хамилтон.

Share
Scroll to Top