Хамилтон повторно номиниран за Лауреус – Меси и Ѓоковиќ останаа без номинации

Хамилтон повторно номиниран за Лауреус – Меси и Ѓоковиќ останаа без номинации

пред 3 години

Минатогодишниот добитник на наградата за најдобар спортист Луис Хамилтон, повторно се најде на списокот, на кандидати, на престижната академија Лауреус. На листата го нема Лионел Меси, кој лани беше еден од наградените.

За „спортист на годината“, покрај Хамилтон, во конкуренција се Џошуа Чептегеи (атлетика), Арманд Дуплантис (атлетика), Леброн Џејмс (кошарка), Роберт Левендовски (фудбал) и Рафаел Надал (тенис).

Кај дамите за престижната награда конкурираат: Наоми Осака (тенис), Ана ван дер Брехен (велосипедизам), Федерика Брињоне (скијање), Бригид Косгеи (атлетика), Венди Ренар (фудбал) и Бриана Стјуарт (кошарка).

За наградата „кам-бек на годината“ конкурираат: Даниел Бард (бејзбол), Јенто Монтана (бадминтон), Алекс Морган (фудбал), Макс Парот (сноуборд), Микаела Шифрин (скијање), Алекс Смит (американски фудбал).

Во конкуренција за „подвиг на годината“ се фудбалерот на барселона Ансу Фати, светскиот првак во Мото ГП, Џоан Мир, победникот на Тур д’франс, Тадеј Погачар, тенисерот Доминик Тим, шампионката на Ролан Гарос Ига Швјонтек и Патрик Махонс (американски фудбал).

„Тимот на годината“ ќе се избира во конкуренција на Мерцедес, Баерн Минхен, Канзас сити Чифс, Ливерпул, ЛА Лејкерс и рагби репрезентацијата на Аргентина.

Конечната одлука околу наградите ќе биде донесена од жирито кое е составено од 68 членови.

Share
Scroll to Top