Хамилтон сега признава: Алонсо е најцврстиот возач

Хамилтон сега признава: Алонсо е најцврстиот возач

пред 3 години

Луис Хамилтон признава дека се намачил со Фернандо Алонсо на Унгарското ГП минатиот викенд, но дека шпанскиот двократен шампион се борел „цврсто и фер“.

Светскиот шампион се обидуваше да врати позиции по стратешката грешка на Мерцедес по која заврши на дното, пред да налета на Алонсо, кој десетина кругови успеа да го заддржи зад него, додека неговиот колега од Алпине, Естебан Окон го зачува првото место. Хамилтон, иако тогаш се пожали преку радиото, признава дека Алонсо бил фер.

„Гледајќи наназад, тоа беше фантастично. Навистина фантастично. Би сакал болидите секогаш да се толку блиску во борбите следната сезона. Хунгароринг е тешка патека за претекнување и затоа има фантастични битки. Кога се тркате против двократен светски шампион, знаете дека е еден од најцврстите. Но, фер!“, посочи Хамилтон.

Погледнете ја епската битка подолу.

Share
Scroll to Top