Натпреварот помеѓу Волфсбург и ХСВ во Бундеслигата, го обележа инцидентот што се случи по последниот судиски свиреж.
ХСВ триумфираше по пресврт (2:1) и со тоа направи голем чекор кон опстанок, додека „Волците“ останаа на претпоследното место на табелата.
Фудбалерите се судрија по натпреварот, додека лутите навивачи на теренот фрлаа пиротехника.
Аналитичарот на „Скај Спорт Германија“, Дитмар Хаман беше многу директен по овој натпревар.
„Имате чувство дека клубот во моментов се распаѓа“, коментираше Хаман за Волфсбург, кој е претпоследен на табелата.
„Она што домашните играчи го покажаа по последниот свиреж на судијата беше нешто што требаше да го покажат во текот на 90-те минути на теренот. Тие се криеја со недели и месеци. И штом натпреварот заврши, одеднаш се храбри. Едноставно не можам да го разберам ова“, додаде тој.






