Хари Кејн на тренинг со Тотенхем – првпат сезонава

Хари Кејн на тренинг со Тотенхем – првпат сезонава

пред 3 години

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн денеска го одработи првиот сезонски тренинг со соиграчите.

По завршувањето на репрезентативните обврски на ЕУРО2020, тој беше на продолжен одмор на Бахамите, па по враќањето во татковината мораше да оди во самоизолација поради ковид-мерките.

Го пропушти првиот сезонски меч на „петлите“ во неделата, против шампионот Сити.

Напаѓачот требаше да се појави во клубот на 2. август, во тренинг кампот, но не дојде. Оправдувањето му беше дека така био договорено од порано.

Се очекува Кејн да биде во составот на „Спарси“ за мечот од Лигата на конференциите овој четврток против португалска Фереира.

Се уште „лебди“ прашањето дали капитенот на „Гордиот Албион“ ќе остане во Тотенхем ако се знае дека цело лето Манчестер Сити не се откажува од негово носење на „Итихад“.

Сепак, челниците на лондонскиот клуб порачуваат дека Кејн не е на продажба.

Share
Scroll to Top