Хезоња се подготвува да го напушти Реал

Хезоња се подготвува да го напушти Реал

пред 10 месеци

Марио Хезоња веројатно ќе го напушти Реал по завршувањето на сезоната. „Марка“ пишува дека одбил две понуди од Реал за продолжување на договорот: првата во декември, а потоа уште една.

Репрезентативецот на Хрватска, не е задоволен од финасискиот дел, смета дека Реал треба да му понуди повеќе пари.

„Панатинаикос, каде што Хезоња веќе играше, сака да го врати. Хезоња е еден од приоритетите на грчкиот клуб за следната сезона. Панатинаикос му нуди тригодишен договор вреден два милиони евра по сезона. Реал нуди многу помалку, а даноците се поповолни во Грција“, пишува „Марка“.

Според овој извор, Хезоња исто така не бил задоволен од улогата што ја има во тимот на Чус Матео.

„Во неделата го освои својот прв куп со Мадрид, но можеби не беше најсреќниот член на експедицијата со оглед на важноста што ја имаше за време на турнирот. Во полуфиналето против Валенсија беше многу вознемирен откако беше заменет и во финалето против Барселона и покрај тоа што постигна 12 поени во втората четвртина, тој потоа речиси и не играше. По натпреварот, тој беше единствениот кој не се огласи по победата и прв отиде во соблекувалната“.

Хезоња сезонава имаше просек од 13 поени во Евролигата со 4,4 скока. Во просек игра по 21 минута по натпревар.

Share
Scroll to Top