Албанскиот репрезентативец, Елсеид Хисај, го навлекол бесот на навивачите на Лацио. Хисај, неодамна се пресели од Наполи во Лацио и реши со песна да им се претстави на фановите.
Проблемот настанал во изборот на песната. Хисај ја одбрал химната на италијанските партизани во Втората светска војна „Бела чао“. Навивачите на Лацио политички се насочени кон десницата.
Толу се налутиле што отишле до ресторанот во кој бил целиот тим на Лацио и го барале Хисај да се пресметаат со него. Тренерот Маурицио Сари се погрижил ситуацијата да не ескалира.
Потоа навивачите на Лацио на еден мост во Рим закачиле транспарент со порака до Хисај: „Хисај е црв, Лацио е фашистички клуб“.
Еден од водачите на навивачите на Лацио, целата оваа приказна ја испратил со зборовите: „Навивачите на лацио секогаш се блиски до екстремната десница, потегот на Хисај е лудост за која нема оправдување.“
"Hysaj":
Perché per presentarsi ai nuovi compagni della Lazio ha deciso di intonare Bella Ciaopic.twitter.com/ca44tky5ft— Perché è in tendenza? (@perchetendenza) July 18, 2021