Хицфелд: Лев не треба повеќе да е тренер, најдобро да коментира на ТВ

Хицфелд: Лев не треба повеќе да е тренер, најдобро да коментира на ТВ

пред 3 години

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Отмар Хицфелд смета дека досегашниот германскиот селектор Јоаким Лев треба да се откаже од тренерската професија и да стане ТВ-коментатор, откако беше потврдено дека тој заминува од „маншафт“ по неуспехот на ЕУРО 2020.

Лев, поранешен тренер на Штутгарт и Фенербахче, помина дури 15 години на клупата на Германија, носејќи им ја светската титула во 2014 година и сега многу клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Но, Швајцарецот Хицфелд вели дека 61-годишниот Лев нема да се снајде во клупскиот фудбал.

„Не знам дали е подготвен за стрес со 60-тина натпревари годишно. Тоа е премногу. Шпанија, Италија, Англија, Франција… Никаде не прилега. За него е најдобро да биде ТВ-експерт. Тоа е мојот совет“, вели Хицфелд.

Share
Scroll to Top