Македонските навивачи нема да имаат можност да ја бодрат фудбалската репрезентација во Амстердам.
Македонија е на листата на држави за кои е забранет влез, во Холандија, поради здравствените протоколи, кои важат во земјата поради коронавирусот.
„Забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната“, информираат од амбасадата на Холандија во Скопје.
И покрај забраната, македонските фудбалери ќе имаат поддршка на „Амстердам арена“, од нашинци кои живеат во Холандија и во земјите во Европската унија.
Холандија ќе ја пречека Македонија на 21.јуни, во последното коло, во Ц-групата.
Фото/ffm.mk