Холандскиот велосипедист Ван Хојдонк се бори за живот откако му се слошило додека возел

Холандскиот велосипедист Ван Хојдонк се бори за живот откако му се слошило додека возел

пред 8 месеци

Белгискиот професионален велосипедист Натан ван Хојдонк се бори за својот живот, откако предизвикал судир на шест возила во Калмтут, Белгија во моменти додека неговата бремена сопруга била покрај него.

На 27-годишниот велосипедист на тимот Џамбо-Висма, му се слошило додека возел и неговото возило без контрола удрило во шест автомобили. Тој морал да биде повратен во живот по несреќата и е во болница во критична состојба, а неговата сопруга Алисија, која е осум месеци бремена, исто така е во болница, но нема сериозни повреди, јавува весникот „Хет латсе ниувс“. Во несреќата се полесно повредени уште еден возач и едно дете.

Ван Хојдонк е професионалец од 2017 година, а од 2021 вози за елитниот Џамбо-Висма тим со кој настапи на Тур де Франс оваа година и освои тимска победа. Минатата недела тој учествуваше на Трката околу Британија.

Share
Scroll to Top