Холанѓанките во драма подобри од Германките, но тоа не е доволно за полуфинале!

Холанѓанките во драма подобри од Германките, но тоа не е доволно за полуфинале!

пред 3 години

Светските шампионки Холандија во драматичен меч со 28:27 ја совладаа Германија, голема победа, која сепак, не е доволна за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Данска и Норвешка со неверојатна завршница.

Германките имаа по гол-два предност од стартот на второто полувреме, но Дион Хоусхер ги врати Холанѓаните во водство (26:24), пред во неверојатна завршница, Тес Вестер да има две одбрани во последната минута за да ги спречи Германките да извлечат реми или победа.

Сега, пред последното коло во групата 2, Норвежанките се сигурни во полуфинале, додека Хрватките и Германките ќе играат во директна пресметка за полуфинале – на Хрватска им е доволно и реми за овој пласман.

ГРУПА 2

Холандија – Германија 28:27 (14:15)

Романија – Унгарија 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 8, 2.Хрватска 6, 3.Холандија 4, 4.Германија 4, 5.Унгарија 3, 6.Романија 0.

Share
Scroll to Top