Холифилд преговара за меч со Тајсон, 34 години откако тој му одгриза дел од увото

Холифилд преговара за меч со Тајсон, 34 години откако тој му одгриза дел од увото

пред 4 години

Поранешните ривали во тешка категорија, Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон може уште еднаш да се судрат во рингот, откако 58-годишниот Холифилд потврди дека преговара со тимот на Тајсон за меч, 34 години откако Тајсон му одгриза дел од увото во еден од најконтроверзните моменти во историјата на боксот.

Тајсон се врати на боксот по 15-годишна пауза во ноември, кога имаше реми со Рој Џонс Јуниор во осум рунди во Калифорнија, меч кој стана неочекуван хит кај пеј-пер-вју гледањата, собирајќи околу 80 милиони долари, кои Тајсон вети дека ќе ги даде во добротворни цели.

Холифилд, сега, објаснува зошто тој е следниот совршен противник на Тајсон.

„Ако тоа треба да се случи, ќе се случи. Можам да потврдам дека мојот тим преговара со менаџерскиот тим на Мајк и чекаме одговор. Јас постојано тренирам бидејќи знам дека еден ден тој меч ќе се случи и подготвен сум“, вели Холифилд за британскиот „Сан“.

Холифилд и Тајсон имаа два супер-меча во 1990-тите. Во првиот меч во ноември 1996, аутсајдерот Холифилд го победи Тајсон со технички нокаут, само втор пораз за Тајсон по шокантниот пораз од Бастер Даглас шест години претходно. Во римечот, Тајсон беше дисквалификуван во третата рунда, кога во фрустрација одгриза дел од увото на противникот.

Share
Scroll to Top